октомври 25, 2024

ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС

По повод Неделата на борба против гладта што се одбележува од 16-22 октомври Црвен Крст Кавадарци се вклучува во кампањата “Помислете на нас”.
Целта на оваа кампања е покренување на општото мислење на јавноста за проблемите на сиромаштијата.

За таа цел учениците од V одделение од ООУ “Страшо Пинџур” Кавадарци со својата учителка ја посетија Општинската организација на Црвен крст Кавадарци и донираа прехрамбени призводи.

Од истите ќе бидат направени пакетчиња и истите ќе бидат донирани на лица кои имаат потреба од истите.

Во исто време учениците се запознаа со улогата и задачите на Црвениот крст и се договоривме за идни заеднички акции.

< врати се назад