септември 20, 2019

ПОСЕТА НА СТОМАТОЛОГ

Од 17-19 септември 2019 година, Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, согласно ЛАП (локален акционен план) од проектот ,,Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби, финансиски подржан од Комерцијална банка со вработените од Дневниот центар и Посебните паралелки за деца со посебни потреби ги реализира договорените и искоординирани термините за посета на стоматолог.
Најнапред децата и младите и нивните воспитувачи и родители од страна на стоматологот Д-р Горан Апостолски беа топло примени во стоматолошката ординација и истите беа психички подготвени за целта на посетата на стоматолог и придобивките од прегледот.
Во текот на неделата во групи од по околу десетина деца и некои од нивни родители, односно околу 40 лица ја посетија стоматолошката ординација, каде им беше направен комплетен преглед на забалото и забите, беа корегирани некои оштетувања, а притоа им беа посочени совети на претпоставените на децата за понатамошни третмани со цел подобрување на оралното здравје.
Исто така беше потенцирано и значењето на одржувањето на хигиената на усната шуплина и честите посети на стоматолог, бидејќи овие лица имаат почести проблеми со здравјето на забите.
Децата беа придружувани од волонтерите на Општинската организација Кавадарци.

< врати се назад