октомври 30, 2024

ПОСЕТА НА СТОМАТОЛОГ

На 29 октомври 2024 година , Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци, согласно акциониот план по проектот ,,Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби, финансиски подржан од Комерцијална банка со вработените од Посебните паралелки за  и Дневниот центар за деца со посебни потреби ги реализира договорените и искоординирани термини за посета на стоматолог.

Притоа се направи контролен преглед на забите и забалото кај децата, кои беа топло и срдечно примени од страна на стоматологот Д-р Горан Апостолски, беа психички подготвени за целта на посетата на стоматолог и придобивките од прегледот,  беа корегирани некои оштетувања, а притоа им беа посочени совети на претпоставените на децата за понатамошни третмани со цел подобрување на оралното здравје.

Исто така беше потенцирано и значењето на одржувањето на хигиената на усната шуплина и потребата од честите посети на стоматолог, бидејќи овие лица имаат почести проблеми со оралното здравје.

Децата беа придружувани од волонтерите на општинската организација.

< врати се назад