април 25, 2023

Предавање и едукација на тема: ,,СРЕЌНИ И БЕЗБЕДНИ МАТУРСКИ ВЕЧЕРИ,, во СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци.

Од страна на Инспекторите од отсекот за превенција при СВР Велес, Гоце Јовановски и Горан Ристиќ, заедно со претседателот на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот Диме Крстев и претседателот на Црвен Крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци Димитар Каракулев учениците – матуранти беa запознати како да се однесуваат за време на престојните матурските вечери.

Да не управуваат возила под дејство на алкохол, односно ако управуваат со возило да не пијат алкохол и ако пијат да не управуваат со возилата. Исто така беа запознати со законските прописи од областа на сообраќајот и јавниот ред и мир, а им беше укажано да се воздржуваат тепачки и насилничко однесување за време на матурските вечери.

На сите матуранти им ја честитаме матурата и им посакуваме среќни и безбедни матурски вечери !!!

< врати се назад