декември 5, 2019

Превенција од болестите на зависност

По повод Месецот на превенција од болестите на зависност-Ноември во ООУ,,Гоце делчев,,-Кавадарци се одржаа серија презентации и работилници. Истите беа под водство на психологот Ратка Кулева, во соработка со волонтери од Црвениот Крст- како врсничка едукација. Целта на работилниците беше едукација на истата тема, учениците да добијат основни сознанија за штетните поседици од пороците, за да се промени свеста и да се донесат правилни одлуки за сопствениот живот. #Основно училиште Гоце Делчев

 
< врати се назад