
јули 14, 2023
Превенција од топлотен бран
На ден 14.07.2023 година на градскиот зелен пазар во Кавадарци тројца волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци во соработка со Полициска станица од општа надлежност Кавадарци се поделија флаери “КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН”.
Оваа акција има за цел како да се однесуваме при топлото време и како да се заштитиме, односно да се носе светла и лесна облека, внесување на помало количество на храна, внесување на поголемо количество на течности, избегнувајте напорни физички активности и избегнувајте директна изложеност на сонце.