јули 26, 2019

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТОПЛОТЕН БРАН И ШУМСКИ ПОЖАРИ

На 26 јули во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и Дирекција за заштита и спасување беше спроведена превентивна акција на градскиот плоштад од волонтерите на Клубот на млади на Општинската организација Кабвадарци со цел превенција од топлотни бранови и шумски пожари.
Волонтерите на граѓаните им делеа вода и пригодни флаери со содржина за совети кои ќе ги заштитат од топлотните бранови и флаери изготвени од ДЗС со содржина за заштита како не би дошло до несакани пожари.

< врати се назад