март 20, 2023
Презентации на врснички едукатори
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци во период од 01.03.2023 до 15.03.2023 година одржа 9 едукативни работилници. Овие работилници ги спроведоа 11 млади волонтери кои беа на обука за врснички едукатори. Тие се одржаа во 3 основни и 2 средни училишта во општина Кавадарци, каде беа опфатени 268 ученици. На учениците им беше презентирано за превенција од ТБЦ, Рак, Ментално здравје, Хив/Сида, Срцевосадови заболувања, Дијабет, Зависности од Алкохолизам, Дрога и Тутун. Целта на овие работилници е информирање на учениците за рана превенција и заштита од овие болести и зависности.