
ПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ПО ПОВОД 17 МАРТ-ДЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РМ И ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО ВО РМ
На 19 март 2019 година по повод 17 март-денот на формирањето на Црвениот крст на РМ и Денот на крводарителството во РМ во просториите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци беше одржана приредба со музички точки, драмска изведба и рецитал од второоделенците, подготвени од нивните наставнички од ООУ ,,Страшо Пинџур,, од Кавадарци.
Претходно со одговорните од училиштето беше договорена посета на Општинската организација со цел запознавање на учениците со задачите на Црвениот крст и посебно организицијата на крводарителството, но тие имаа подготвено изненадување за Црвениот крст со одржување на приредба по повод 17 март.
Учениците беа пријатно дочекани од волонтерите на Клубот на млади, на почетокот пред да започне приредбата се запознаа со амблемот и оснивачот на Црвениот крст, па така збогатени со нови знаења за нашата организација се надеваме дека во иднина барем дел од нив ќе станат волонтери и членови на Црвениот крст.