Продолжување на кампањата по прва помош
Првата помош спасува живот
Црвен крст на Република Северна Македонија во периот до месец мај 2022 година до март 2023 година спроведе кампања по прва помош под мотото “Првата помош спасува живот” наменета за ученици од основни и средни училишта на возраст од 12-18 години на територијата на Република Северна Македонија. Главната цел на кампањата е да се подигне свеста кај младата полупација за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина. За таа цел кампањата по прва помош “Првата помош спасува живот” подолжува да се спроведува во период од 01.09.2023 година до 15.02.2024 година.
Во период од Октомври – Ноември Црвен крст Општинска Организација Кавадарци спроведе кампањата во 4 основни училишта од кои Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Димката Ангелов Габерот Кавадарци и Димката Ангелов Габерот с.Ваташа. Кампањата ја спроведуваат доктор и демонстратор. Во овие училишта се обучија околу 370 ученици и 21 наставник.