декември 22, 2023

Продолжување на кампањата по прва помош

Првата помош спасува живот

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци продолжи со реализација на предвидените обуките во рамките на кампањата по прва помош.

Целта на кампањата е да се подигне свеста кај младата популација за значењето на првата помош како животозагрозувачка вештина.

Овие обуки по распоред се одржаа во трите средни училишта на општина Кавадарци каде беа опфатени  435 ученици и 10 наставници кои ги спроведоа стручно лице односно доктор заедно со демонстратор обучени за правилно укажување на прва помош и истите до сега предизивикаа интерес кај младите за темите од областа на првата помош кои се опфатени со кампањата.

Според планот со овие училишта се заврши кампањата по прва помош Првата помош спасува живот за оваа година.

< врати се назад