март 22, 2024

ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

(ПОКОО)

            Во период од 20-21.03.2024 година во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци се одржа работилница за проценка на организациските капацитети на општинската организација Кавадарци (ПОКОО).

            Оваа работилница со време траење од два дена ја спроведоа обучениот тим од тројца фасилитатори Александра Ристовски, Бесник Селими и Катерина Гиевска.

            Од страна на општинската организација беше составен локален тим од 12 члена кои го сочинуваа Секретарот и претседателот на организацијата, вработените во стручната служба, членови на Раковеден Одбор, претставник од локална самоуправа и волонтери.

            ПОКОО алатката се спроведе по следните чекори:

  • Формирање на локални тимови за проценка
  • Инструктивна средба со локални тимови
  • Доставување на податоци за ООЦК
  • Спроведување на алатката за проценка
  • Подготовка на развоен план за наредната година

Оваа алатка е создадена од Меѓународна Федерација на Црвен крст со универзални атрибути кои треба да се основа за работа на ООЦК од сите 192 Национални друштва.

На оваа дводневна работилница атмосферата беше на позитивно ниво, се разменија различни искуства, се согледа како работи организацијата и каде треба да се подобри односно во кои области е послаба и дека ние како тим функционираме одлично, беспрекорно и позитивно.

Според матрицата направивме план за реализирање на активностите кои треба да ги постигнеме за подобрување на слабите страни.

На крај од оваа работилница на секреторот на општинската организација му се додели сертификат за успешно спроведена проценка на организациските капацитети на општинската организација.

Голема благодарност на тимот фасилитатори и на локалниот тим за поддршката и соработката.

< врати се назад