февруари 20, 2024

ПРВА ЦКА/ПХВ РАБОТИЛНИЦА ВО ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КАВАДАРЦИ

Започна новиот циклус на програмата Црвен Крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ), циклус 2024 година.

На 19.02.2024 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци се одржа првата  обука  за програмата ЦКА/ПХВ за младинците од основните училишта, а ќе се реализираат уште две обуки,  по кои младинците активно ќе се впуштат во изработка на мали проекти и помагање на населението во општината. На оваа обука учествуваа околу 30 младинци и 13 мини ментори предводени од дисеминаторот Даниела Лазовска.

Минатата година Општинската ораганизација на Црвен крст Кавадарци го освои првото место за изработка на мали проекти.

ЦКА-ПХВ е самостоен проект што функционира во рамките на редовните активности на Црвен Крст на РСМ, а е поддржан од страна на Меѓународниот комитет на Црвен Крст, Бирото за развој на образованието и Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Истиот се имплементира уште од 1997 година и ПХВ е проект преку кој младите волонтери стекнуваат соодветна едукација за :

  1. препознавање на потребите на заедницата.
  2. изработка на проекти
  3.  самостојно организирана пракса на терен, преку директна помош на ранливото население.

< врати се назад