
јануари 18, 2024
ПРВА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО 2024 ГОДИНА
На ден 17.01.2024 година се одржа прва и успешна крводарителска акција во салата на Општина Кавадарци.
Во организација на Црвен крст Кавадарци, а ја реализира екипата од ИТМ Скопје беа дарувани 37 единици крв.
Минатата 2023 година ја завршивме со 2676 крвни единици а на годишниот план имаше предвидено 1188 крвни единици. Со оваа реализирана бројка Црвен крст Кавадарци се најде помеѓу првите три општински ораганизации во 2023 година по бројот на реализирани единици.
Благодарност до сите крводарители кои ни овозмoжија да го достигнеме овој успех, до екипата на ИТМ Скопје за соработката како и до медиумите кои се секогаш тука за нас.