јануари 16, 2025

ПРВА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО 2025 ГОДИНА

            На ден 16.01.2025 година се одржа прва крводарителска акција во салата на Општина Кавадарци, во организација на Црвен крст Кавадарци, а ја реализира екипата од ИТМ Скопје.

            Со оваа акција на која беа дарувани 39 единици крв можеме да кажеме дека успешно ја започнавме годината со дарување крв.

            Благодарност до сите крводарители кои ни овозможија да го достигнеме овој успех, до екипата на ИТМ Скопје за соработката како и до медиумите кои се секогаш тука за нас и секако до Локалната самоуправа.

< врати се назад