април 2, 2019

РАБОТИЛНИЦА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗАМОТ

На 02 април по повод Светскиот ден на лицата со аутизам, волонтерите од Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци во Дневниот центар за лица со посебни потреби, одржаа работилница со 15 деца и нивните наставници.
Aутизмот е здравствено нарушување кое значајно влијае врз способноста на комуникација и социјална интеракција. Се карактеризира со ограничено и повторливо однесување. За разлика од минатото, кога проценките биле дека од аутизам страда 1 на 10.000 деца, денес се смета дека 1 од 100 деца развиваат аутизам. Одредени анализи покажуваат дека во наредните години во светот ќе има повеќе деца со дијагноза на аутизам отколку со рак, дијабетес и сида заедно, што е повеќе од загрижувачки.
Но, нашата цел е сите деца да бидат исто прифатени од средината во која се опкружени, така да дечињата и волонтерите се дружеа и забавуваа во прекрасно уреденото нивно катче, ги боеа дланиките со најразлични бои и оставаа отпечатоци од истите на големиот хамер, со цел да покажат дека сите деца се исти. Дечињата со радост и пречекаа волонтерите, и сите заедно имаа доста квалитетно поминато време.

 
< врати се назад