октомври 30, 2019

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗИМНИЦА

Во склоп на проектот ,,Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби,, финансиски подржан од Комерцијална банка, а во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци на 30 Октомври во просториите на Дневниот центар за лица со посебни потреби се одржа работилница на која се учеше како се подготвува зимница.
Притоа Дневниот центар го посетија и во работилницата се вклучија и лицата со посебни потреби од Посебните паралелки при ООУ ,,Страшо Пинџур,, од Кавадарци.
Самата работилница предизвика интерес за работа кај сите присутни (деца, воспитувачи и волонтери чиј број беше над 30 лица) кои активно се вклучија во миење, сецкање и редење на зеленчукот во тегли, со цел подготовка на вкусна зимница.
На крај сите имаа можност да пробаат од готовата зимница и истите тие беа задоволни затоа што и самите научија како се подготвува зимница.
За секој од присутните следуваше по една тегла од вкусната зимница за дома, како би ги изненадиле родителите затоа што тие сами ја подготвиле.
Работилницата беше проследена од локалните медиуми.

< врати се назад