декември 27, 2019

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ

Како дел од предвидените активности на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци во една од дејностите на организацијата за 2019 година беа предвидени и испланирани работилници за психосоцијална подршка на волонтерите на Црвениот крст.
Притоа, во Општинската организација функционира психолошко советувалиште на Гешталд институтот, кое работи веќе 4 години, каде индивидуална пракса извршуваат 2 гешталд терапевти под супервизија.
Покрај намената за прва психолошка помош, за сите оние кои имаат потреба од ваков вид, психолошки консултации, информации, психолошко советување и психотерапија, психолозите учествуваат и во останати активности и проекти на општинската организација.
Поттикнати од нивното работење на 27 декември беше реализирана планираната работилница за психолошко советување на тема САМОДОВЕРБА со волонтери, ученици од основните училишта, на која присуствуваа 21 лице, при што сите присутни активно соработуваа, даваа свои мислења, работени беа неколку вежби со прашалници и на крај беа донесени заеднички заклучоци во насока на подобрување на техниките за самодоверба.

< врати се назад