
РАБОТИЛНИЦА СО ПАРТНЕР КЛУБОВИТЕ
На ден 21.12.2024 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци се одржа третата етапа на настани со дружење на партнер клубовите на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци, Св. Николе и Штип.
Како продолжување на меѓусебното запознавање имаше повеќе активности како: Игри за запознавање, работилница со дипломиран Гешталд психотерапевт која им помогна на младите да се запознаат подлабоко самите себе за нивните јаки страни и добри карактеристики кои понатамошно ќе им служат на терен, работилница за тимска работа на која младите рачно изработуваа новогодишни елки кои ќе бидат подарени на лицата со попреченост.
Исто така имаа бинго игра и игра со чашки и топчиња на кои младите многу се дружеа и забавуваа.
На крај од оваа дружба за 35 млади беше организиран коктел и ручек.
Со оваа работилница ги завршуваме посетите на партнерските клубови на млади за оваа година.















