
РАБОТИЛНИЦА ВО ПРИРОДА
На ден 31.05.2024 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци заедно со Клубот на млади спроведе работилница во природа во склоп на програмата Зелен Волонтеризам.
Целта на работилницата е регрутација на нови волонтери и промоција на работата на клубот на млади преку дружба во природа.
Младите од клубот имаа вежба под името “Чајанка” која им даде поттик да отворат дебата на тема “Еколошки предизвици во нашата околина”, на работилницата во Градскиот парк каде беа поделени во 3 групи и секоја група на лист од хартија имаше напишано прашање и листот кружеше во сите групи каде учесниците пишуваа свои одговори.
Кога завршија со пишување одговорите ги читаше еден од учесниците пред другите и заедно се дискутираа. Од дискусијата произлегоа прашањата за тоа: 1. Како да ја поткренеме свеста за превенција од топлотниот бран? 2. Како да го намалиме загадувањето на течението на реката Луда Мара? и 3. Како да го подобриме квалитетот на воздухот?
Од овие прашања произлегоа 3 еко-активности: 1. За превенција од топлотниот бран би поделиле бели капи на луѓето со логото на црвен крст. 2. Изработка на флаери и делење на истите за загадувањето на течението на реката Луда Мара. 3. Да организираме настан пешачка рута од 2.6 километри почнувајќи од Општинската организација Кавадарци па се до 12те деца.
И на крајот од работилницата младите волонтери се дружеа и забавуваа со игри како што се тенис, одбојка, скокање на јаже и играње на голф.













