РАБОТИЛНИЦА ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
На ден 13.12.2024 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци се одржа работилница на тема “Важноста на менталното здравје во работното место”.
Темата ја нагласува важноста на менталното здравје и благосостојбата на работа, признавајќи дека тоа им користи не само на вработените , туку и на организациите и заедниците како целина.
Давањето приоритет на менталното здравје на работното место е повеќе од само привремен тренд-тоа е неопходност.
На работилницата присутни беа лица кои ја следеа обуката за негуватели за помош и нега во домот.
Присуствуваа 17 лица кај кои темата побуди голем интерес а главната цел е да се подигне свеста за важноста на менталното здравје, при што треба да се потенцира и грижата засебе и за другите.


