ноември 28, 2024
РАБОТИЛНИЦА ЗА НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА НА СТАРИТЕ ЛИЦА
По повод Неделата на грижа на старите лица во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци се одржа работилница во присуство на 15 лица – пензионери.
На оваа работилница на присутните од страна на социјален работник им беше одржано предавање и совети за нивните права од здравствено социјален карактер.
Исто така од стручно лице им беа измерени шеќерот во крвта и крвниот притисок.











