
октомври 31, 2024
РАБОТИЛНИЦА ЗА ВАЖНОСТА НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА РАБОТНО МЕСТО
На ден 30.10.2024 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци се одржа работилница на тема “ За важноста на менталното здравје на работно место”.
На оваа работилница присуствуваа ангажираните негуватели на социјалната услуга помош и нега во домот и притоа беше нагласена важноста на менталното здравје и благосостојбата на работа, признавајќи дека тоа им користи не само на вработените туку и на организациите и работниците како целина.
Ментори на оваа работилница беа дипломирани психолози Гешталд психотерапевти кои ја потенцираа важноста за менталното здравје и грижата за себе и за другите.
За време на работилницата беа користени алатки за опуштање и олабавување.








