март 10, 2023

РЕГИОНАЛНА ОБУКА ЗА ДЕМОНСТРАТОРИ ПО ПРВА ПОМОШ

Во просториите на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес на 02 и 03.03.2023 година (Четврток и Петок) се одржа обука за демонстратори по прва помош. Присутните ги научија сите методи и техники за третирање на повреди, рани, скршеници.

Целта на обука е да се обучат млади демонстратори кои ќе бидат ментори за екипите што ќе учествуваат на Општинскиот натпревар по прва помош

На обуката присутни беа волонтери од Општинските организации на Црвен крст од Кавадарци, Неготино, Гевгелија Крива Паланка, Свети Николе и Велес.

< врати се назад