октомври 30, 2019

САЕМ НА ВОНУЧИЛИШНИ АКТИВНОСТИ

На 30.10.2019 година на Градскиот плоштад во Кавадарци се одржа Саем за вонучилишни активности во организација на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци.
Свое претставување на саемот имаше и Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци. Преку флаери, брошури и други промотивни материјали, посетителите (ученици и наставници од основните и средните училишта во град Кавадарци) имаа можност да се запознаат со работењето на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци. Притоа посетителите имаа можност да дознаат како може да се стане волонтер и член во Црвениот крст и како квалитетно да се искористи слободното време надвор од училиштето.

< врати се назад