
ШЕЌЕРНАТА БОЛЕСТ – ТИВОК УБИЕЦ НА ЧОВЕШТВОТО
Во месец октомври 2019 година по повод одбележувањето на Неделата за борба против шеќерната болест во тек на месецот Октомври во Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци беа одржани 2 презентации со основните училишта ,,Тошо Велков Пепето,, и ,,Димката Ангелов Габерот,, од страна на соученици – волонтери на Општинската организација.
Преку овие презентации беше потенцирано значењето на физичката активност, редовните контроли на шеќерот во крвта и начинот на здрава исхрана како превентивни активности за спречување на шеќерната болест.
Преку локалните медиуми беше проследена презентацијата за шеќерната болест со цел поблиско информирање на пошироката јавност од Општините Кавадарци и Росоман.
Се надеваме дека преку спроведените активности дадовме придонес во подигнувањето на свеста од ризиците на појава на шеќерната болест