
СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА НА ПОЖАР ВО УЧИЛИШТЕТО “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – КАВАДАРЦИ
На 30 Октомври 2019 година во училиштето ,,Гоце Делчев“ во Кавадарци беше спроведена показна вежба од областа за подготвеност и дејствување во случај на елементарни непогоди и катастрофи, односно пожар во училиштето, каде беа зафатени неколку училници.
Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци на покана на одговорните лица од училиштето беше дел од субјектите кои земаа учество на оваа вежба со волонтерите од екипата за прва помош од училиштето.
Притоа екипата за прва помош навремено, професионално и брзо успеа да укаже прва помош на повредените лица до доаѓањето на брзата помош.
Оваа вежба беше оценета како добро организирана и реализирана од страна на сите учесници во истата, односно сите субјекти успешно одговорија на зададената задача.
Самата вежба ја проследија Градоначалникот на Општина Кавадарци, претставници од повеќе институции од градот, учениците од училиштето, родители на учениците и локалните медиуми.
Сметаме дека со учеството на оваа вежба Црвениот крст уште еднаш ја покажа подготвеноста за справување со кризи како партнер со останатите субјекти одговорни за помош и подршка при вакви и слични ситуации.