
СОБИРНА АКЦИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ГЛАДТА ВО УЧИЛИШТЕТО ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ОД КАВАДАРЦИ
На 28 октомври 2019 година во организација на одговорните лица и Училишниот клуб на Црвен крст при ООУ ,,Гоце Делчев“ од Кавадарци беше донесена и дистрибуирана собраната помош во Општинската организација Кавадарци од акцијата организирана по повод Денот на гладта во самото училиште.
Помошта се состоеше од парични средства собрани од вредносните бонови, облека, обувки и постелнина кои беа како добредојдени токму во овој период кога и временските услови бараат подготовки за зимскиот период од топла облека, соодветни обувки и друга помош за децата од социјално ранливите семејства.
Од страна на волонтери на Црвениот крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци кампањата по повод Денот на гладта беше успешно спроведена и во останатите училишта и со граѓанството од Кавадарци и Росоман , а исто така во акцијата се вклучи и дел корпоративниот сектор.