
,,Спречување на трговија со луѓе,,
На ден 17.10.2019 година по повод 18 Октомври-Меѓународниот ден за борба против трговијата со луѓе во просториите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци се одржа работилница на тема ,,Превенција на трговијата со луѓе“. На работилницата присуствуваа околу 40 ученици од прва година од трите средни училишта од Општина Кавадарци кои се здобија со знаења за начинот на спречувањето на трговијата со луѓе.
Работилницата ја одржа стручно лице од Полициска станица ОН Кавадарци при што на почетокот на работилницата присутните беа информирани за тоа што претставува трговијата со луѓе, превентивните информативни мерки за спречување на влез во ланецот на трговијата со луѓе, последиците од оваа појава, а потоа беа проследени двата дела од филмот и презентацијата по што следуваше дискусија околу прашањата во врска со темата. Следуваа и корисни информации и совети од страна на стручното лице на прашањата на присутните.
Работилницата беше проследена од локалните медиумите, а во текот на утрешниот ден на Градскиот плоштад ќе биде одржан настан со поставување на импровизирани кукли како жртви на трговијата со луѓе на кој се очекува големо присуство од членови, волонтери и случајни минувачи од граѓанството.