
септември 20, 2019
СПРОВЕДЕНИ 2 КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАВАДАРЦИ
На 18 и 19 септември 2019 година во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и ИТМ Скопје во гимназијата ,,Добри Даскалов“ и во ССУ,, Киро Спанџов Брко“ се спроведеоа 2 крводарителски акции.
На овие 2 акции доброволно даруваа 42 крводарители, собрани се 42 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на учениците од средните училишта.
Голема благодарност и на одговорните лица и наставниците кои несебично ги прифаќаат овие акции и на локалните медиуми кои даваат максимална подршка за реализација на истате, притоа обезбедувајќи информации и мотивирајќи ги и останатите граѓани од нашите општини да се придружат на хуманите луѓе.