април 4, 2023
Подготовки за општински натпревар по прва помош
Денес во просториите на Црвен крст на РСМ општинска организација Кавадарци се одржа обука за општинскиот натпревар по прва помош на екипата од основното училиште Гоце Делчев од Кавадарци.
Обуката ја спроведија демонстратори по прва помош Марија Манчевска и Ангела Каровска.
За време на обуката го следеа упатството за работа со супозиции пропишани за натпревари по прва помош.