март 30, 2023

Свечено доделување на јубилејни признанија на крводарителите од Општина Кавадарци

                На 29 Март 2023 во просториите на Општина Кавадарци на свечен начин беа доделени јубилејни признанија на крводарителите по повод 17 Март – денот на крводарителството.

                Во салата беа присутни крводарителите со 25,50,75 и 100 пати дарувана крв и крводарители кои во текот на една календарска година дарувале 4 пати крв, волонтери на Црвениот крст, претставници од Локалната самоуправа, претставници од работни организиции и претставници од кабинетот за Трансфузиологија Кавадарци.

                На сите крводарители им беа доделени скромни подароци (шоља за чај со логото на црвениот крст).

Исто така покрај благодарниците и редовните признанија за крводарителите на најистакнатите крводарители им беа доделени рачни часовници.

Крводарителите беа поздравени од претседателот на Општинската Организација на Црвениот Крст Кавадарци и секретарот на Општината кои им изразија голема благодарност на крводарителите за нивниот хуман гест.

Голема благодарност и до локалните медиуми кои секогаш не поддржуваат при реализирањето на крводарителските акции и при организирањето на останати настани со цел мотивирање на крводарителите во Општина Кавадарци.

< врати се назад