март 31, 2023

Свечено доделување на јубилејни признанија на крводарителите од Општина Росоман

                На 30 Март 2023 во просториите на Општина Росоман на свечен начин беа доделени јубилејни признанија на крводарителите по повод 17 Март – денот на крводарителството.

                Во салата беа присутни крводарителите со 5, 10 и 25 пати дарувана крв и крводарители кои во текот на една календарска година дарувале 4 пати крв, волонтери на Црвениот крст, претставници од Локалната самоуправа, претставници од работни организиции.

                На сите крводарители им беа доделени скромни подароци (шоља за чај со логото на црвениот крст) и подароци од Градоначалникот од Општина Росоман.

Крводарителите беа поздравени од претседателот на Општинската Организација на Црвениот Крст Кавадарци и Градоначалникот на Општината кои им изразија голема благодарност на крводарителите за нивниот хуман гест.

Голема благодарност и до локалните медиуми кои секогаш не поддржуваат при реализирањето на крводарителските акции и при организирањето на останати настани со цел мотивирање на крводарителите во Општина Росоман.

< врати се назад