
февруари 27, 2024
ВТОРА ЦКА – ПХВ РАБОТИЛНИЦА ВО ЦРВЕН КРСТ КАВАДАРЦИ
Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци одржана e и втората обука од програмата ЦКА-ПХВ (циклус 2024 година) за младинците од нашата општина.
Младинците успешно ја поминаа обуката, стекнувајќи знаења од областа на препознавање на потребите на заедницата во која активно ќе работат и делуваат на терен, ќе лоцираат проблеми, причини поради кои настанале овие проблеми и последици од тоа.
Младите на 23.02.2024 година, на втората обука беа запознаени со подготовката на нивните мали проекти и важноста за одредувањето на нивните цели при работењето.