септември 14, 2019

Светски ден на првата помош-14 септември 2019

Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци во дворното место на Црвениот крст, во присуство на педесетина млади го одбележа Светскиот ден на првата помош под мотото ,,Вашето незнаење може да чини живот,,.
Односно, победничката екипа од Општинскиот натпревар по прва помош спроведе показна вежба на три позиции каде можеа да се видат вештини и активности неопходни за навремено и квалитетно укажување на прва помош при можни повреди на патиштата со цел подготвеност и брз одговор за помош на жртвите во сообраќајните незгоди.
Оваа вежба беше проследена и од случајните минувачи и вработените од околните организации, кои после тоа донесоа заклучок дека навистина многу од несреќите кои настануваат на патиштата може да се превенираат, ако се научат техники и активности неопходни за брз одговор.
Преку локалните медиуми беа информирани граѓаните за овогодишната тема со цел да се потенцира значењето на правилно и навремено укажаната прва помош на повреден во сообраќајна незгода, кое може да направи значајна разлика помеѓу смртта и животот.

< врати се назад