декември 6, 2024

СВЕТСКИ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО 5ТИ ДЕКЕМВРИ

            На 5ти декември во целиот свет се одбележува Светскиот ден на Волонтерството, па така и Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци се приклучи во одбележувањето.

            Клубот на млади односно најмладите волонтери на ден 05.12.2024 одржаа координативен состанок за тековните активности и дружбите со партнер клубовите.

            Ние заеднички го одбележавме денот со пишување на картички на крводарители за најголемата крводарителска акција со навивачка група Лозари која следи во наредната недела.

            За волонтерите беше организиран скромен коктел при што имаа можност за дружба и забава.

< врати се назад