
септември 11, 2023
Тиквешки Гроздобер 2023
Од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци по повод манифестацијата Тиквешки Гроздобер беа ангажирани околу 25 волонтери на три пункта на главните влезови од градот, со цел дистрибуција на пакетче со грозје на гостите кои ќе го посетат овој настан.
Волонтерите успешно си ја завршија својата задача, дистрибуираа околу 5.000 пакетчиња обезбедени од Општина Кавадарци.