
ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО РОТАРИ КЛУБ
Во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци на 12 Ноември 2019 година на УГД-дисперзирани студии Кавадарци се одржа доброволна крводарителска акција, во која учество зедоа студентите од факулитетот, учениците од СОЗШУ,,Ѓорче Петров“-Кавадарци и членовите на Ротари клуб-Кавадарци.
Оваа акција стана традиционална и се организира веќе по деветти пат, на која беа реализирани 19 единици крв, значајни се даруваните крвни единици и покажаната хуманост на членовите на Ротари клуб , учениците и студенитите.
Притоа одговорните од Ротари клуб ја поддржаа акцијата и со донирање на маички со нивното лого и со логото на Црвениот крст и оброк за секој крводарител.
Акцијата беше медиумски покриена од локалните медиуми со цел кај јавноста да предизвика мотивација за дарување на крв.