
јули 6, 2023
ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗАХАРЧЕВ 2023
На ден 06.07.2023 година во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци, а во соработка со другарите и фамилијата на починатиот Марјан Захарчев, екипата од ИТМ Скопје спроведе уште една крводарителска акција во просториите на Дом на култура “Иван Мазов Климе” Кавадарци.
На оваа крводарителска акција беше пројавен голем интерес за крводарување и притоа беа дарувани 90 единици крв.
Оваа акција се спроведува трета година по ред во чест на починатиот која прерасна во традиционална крводарителска акција Захарчев.
Како секоја година и оваа акцијата беше проследена од локалните медиумите.