јули 5, 2024

ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА “ЗА ХУМАНИОТ СО ХУМАНОСТ” ВО ЧЕСТ НА МАРЈАН ЗАХАРЧЕВ

На ден 05.07.2024 година во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци, а во соработка со другарите и фамилијата на починатиот Марјан Захарчев, екипата од ИТМ Скопје спроведе уште една крводарителска акција во просториите на Дом на култура “Иван Мазов Климе” Кавадарци “ За Хуманиот со Хуманост”.

На оваа крводарителска акција беше пројавен голем интерес за крводарување и притоа беа дарувани 52 единици крв.

Оваа акција се спроведува четвртта година по ред во чест на починатиот која прерасна во традиционална крводарителска акција “ За Хуманиот со Хуманост “ – Марјан Захарчев.

Како секоја година и оваа акцијата беше проследена од локалните медиумите.

< врати се назад