
ТРЕТА ЦКА – ПХВ РАБОТИЛНИЦА ВО ЦРВЕН КРСТ КАВАДАРЦИ
Во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци одржана е и третата обука од програмата ЦКА-ПХВ (циклус 2023година) за младинците од нашата општина.
Младинците ја поминаа и 3тата работилница за ДОКУМЕНТИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ, од програмата ЦКА-ПХВ циклус 2023 – на ден 02.03.2023 година.
Во Основното училиште Тошо Велков-Пепето Кавадардци се одржа и последната обука за младинците, по која ќе излезат на терен, ќе стапат во акција, ќе прават хуманитарни настани и ќе помагаат на ранливото население во општината.
Младинците на оваа обука беа информирани детално за постапките како се прави документирање на проектот и колку е важно секоја нивна превземена акција да биде правилно претставена на хартија, заедно со соодветни додатоци (слики, видеа, постери, изработки и сл.) и презентирана пред ПХВ канцеларијата на ЦКРСМ во Скопје, каде што проектите ќе бидат оценувани.
Исто така, беа запознати и за критериумите на оценување и им беше потенцирано дека младинците со високо оценетите проекти ќе можат да учествуваат на финалната работилница во Струга во летниот период.