август 13, 2019

ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ

На 13 август 2019 година на Градскиот плоштад во Кавадарци во организација на Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци под мотото ,,Твоето незнаење чини живот,, се одржа промотивен музички настан со цел информирање на пошироката јавност за значењето на правилно, навремено и ефикасно укажаната прва помош при повреди и незгоди на патиштата.
Притоа беа изведени музички нумери од волонтери на Општинската организација Кавадарци и беше поставен штанд со промотивен матерјал за превенција од топлото време, вашето незнаење чини живот и формулари за волонтирање и членување поради големиот интерес на младите .
Голем број граѓани го посетија овој настан, а поради многу жешкото време волонтерите на присутните им делеа вода и флаери со пригодна содржина за заштита и совети од топлотниот бран.

< врати се назад