август 22, 2019

ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ

На ден 22.08.2019 (четврток) во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, а во склоп на кампањата „Твоето незнаење чини живот“ и во соработка со ПС ОН Кавадарци, во нивните простории се одржа освежителен курс по прва помош за возачи од страна на Д-р Ѓорѓи Митрев и демонстраторот Евица Димова.
На курсот кој траеше 90 минути присуствува околу 30 лица вработени во Полициската станица во Кавадарци и неколку лица вработени од ППЕ Кавадарци кои имаа можност да ги освежат знаењата за првата помош за возачи и истовремено да разменат искуства со предвачите.
Посебна чест ни претставува што на овој курс за прва помош беа поканети вип гости кои присуствуваа на курсот и тоа Началникот на Полициската станица Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци, судијата Лазар Нанев и Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ.
На почетокот на курсот на присутните им беа поделени листови за самопроцена кои самите ги потполнија на почетокот и на крајот на предавањето. Кога ги споредија знаењата за првата помош пред и по предавањето донесен е заклучок дека потребни се вакви освежителни курсеви преку кои се обновуваат знаењата и се учат нови.
Сите присутни беа задоволни од реализираната обука што можеше да се види од евалуационите листови, а и самите изразија благодарност за предавањата реализирани од страна на предавачот и демонстраторот.
На крајот од страна на волонтерите беа поделени пригодни материјали, а овој настан беше проследен и од локалните медиуми.

< врати се назад