август 27, 2019

ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ

На ден 27.08.2019 (вторник) во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, а во склоп на кампањата „Твоето незнаење чини живот“ со членовите од Собранието на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и останати волонтери и членови на организацијата во просториите на Општинската организација Кавадарци се одржа освежителен курс по прва помош за возачи од страна на Д-р Ѓорѓи Митрев.
На курсот кој траеше 90 минути присуствува 24 лица кои имаа можност да ги освежат знаењата за првата помош за возачи и истовремено да разменат искуства со предвачот.
На почетокот на курсот на присутните им беа поделени листови за самопроцена кои самите ги потполнија на почетокот и на крајот на предавањето. Кога ги споредија знаењата за првата помош пред и по предавањето донесен е заклучок дека потребни се вакви освежителни курсеви преку кои се обновуваат знаењата и се учат нови.
Сите присутни беа задоволни од реализираната обука што можеше да се види од евалуационите листови, а и самите изразија благодарност за предавањата реализирани од страна на предавачот.
На крајот од страна на волонтерите беа поделени пригодни материјали, а овој настан беше проследен и од локалните медиуми.

< врати се назад