септември 12, 2019

ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ

На ден 12.09.2019 (четврток) во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, а во склоп на кампањата „Твоето незнаење чини живот“ и во соработка со одговорните лица од основните и средните училишта беа договорени и се одржани освежителни курсеви по прва помош за возачи од страна на Д-р Ѓорѓи Митрев и демонстраторот Евица Димова со помош од младите волонтери на организацијата.
На овие курсеви присуствуваа вкупно 36 лица вработени во основните и средните училишта, односно претставници од наставничкиот и професорскиот кадар и психолошко педагошката служба кои имаа можност да ги освежат знаењата за првата помош за возачи и истовремено да разменат искуства со предвачите.
На почетокот на курсот на присутните им беа поделени листови за самопроцена кои самите ги потполнија на почетокот и на крајот на предавањето. Кога ги споредија знаењата за првата помош пред и по предавањето донесен е заклучок дека потребни се вакви освежителни курсеви преку кои се обновуваат знаењата и се учат нови.
Сите присутни беа презадоволни од реализираната обука што можеше да се види од дискусијата после завршувањето на курсот и од евалуационите листови, а и самите изразија благодарност за предавањата реализирани од страна на предавачот и демонстраторот и некои од нив дадоа предлог да се одржуваат почесто курсеви од овој тип и други едукации кои се од интерес на образовните потреби, а ке им бидат од корист и нив и на учениците..
Сите присутни добија џебни брошурки со содржина од најчестите повреди кои можат да се случат.

 
< врати се назад