септември 18, 2019

ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ

На ден 18.09.2019 (среда) во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, а во склоп на кампањата „Твоето незнаење чини живот“ се одржа освежителен курс по прва помош за возачи во компанијата Алајанс 1 од страна на предавачот Д-р Ѓорѓи Митрев и демонстраторот Евица Димова со помош од младите волонтери на организацијата.
На овој курс присуствуваа вкупно 15 лица вработени во компанијата кои имаа можност да ги освежат знаењата за првата помош за возачи и истовремено да разменат искуства со предвачите и истите добија џебни брошурки со содржина од најчестите повреди кои можат да се случат.
Голем интерес пројавија сите присутни на обуката што можеше да се види од дискусијата после завршувањето на курсот и од евалуационите листови, а и самите изразија благодарност за предавањата реализирани од страна на предавачот и демонстраторот.

 
< врати се назад