декември 29, 2023

УСПЕШНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО ВИНОТЕК И Ж`ТА

На ден 28.12.2023 година во просториите на Општина Кавадарци се одржа крводарителска акција. Акцијата беше во организација и соработка на винариите Винотек и Ж`та, Црвен крст Кавадарци, а беше реализирана од екипата на ИТМ Скопје.

Таа беше спроведена од 09-15 часот каде беа реализирани 34 единици крв.

Со оваа акција ја завршуваме годината како успешна во одржување на крводарителски акции и дарувани 2676 крвни единици.

< врати се назад