февруари 20, 2024

УСПЕШНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВИНАРСКА ВИЗБА  ,,ТИКВЕШ“ КАВАДАРЦИ

На 20 Февруари 2024 година во просториите на ВВ ,,Тиквеш“ во Кавадарци, во

организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци беше спроведена доброволна крводарителска акција од страна на Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Притоа беа дарувани 30 единици крв, при што одговорните и вработените ја покажаа својата хуманост и солидарност, трудејќи се колективот да ги удостои и крводарителите и лицата кои ја реализираа акцијата.

Акцијата беше следена и емитувана од локалните медиуми со цел да се даде значење на истата и да поттикнат и останати компании да се вклучат во крводарувањето.

< врати се назад