декември 27, 2024
УСПЕШНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО ЗДРУЖЕНИЈАТА ВИНОТЕК И Ж`ТА
На ден 26.12.2024 година во просториите на Дом на култура Кавадарци се одржа крводарителска акција. Акцијата беше во организација и соработка на здруженијата Винотек и Ж`та, Црвен крст Кавадарци, а беше реализирана од екипата на ИТМ Скопје.
Таа беше спроведена од 09-15 часот каде беа реализирани 40 единици крв.
Со оваа акција ја завршуваме годината како успешна во одржување на крводарителски акции.








