мај 19, 2023

УСПЕШНА СПРОВЕДЕНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЕУРОНИКЕЛ КАВАДАРЦИ

Во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци и Институтот за трасфузиологија Скопје на 18.05.2023 година во просториите на Еуроникел Кавадарци се спроведе доброволна крводарителска акција при што даруваа 56 крводарители.

                Интересот за крводарување беше голем со поддршка од одговорните лица и вработените на компанијата кои ја изразија својата хуманост со солидарност како и во изминатите крводарителски акции години наназад.

                Голема благодарност за успешно спроведената крводарителска акција и начинот на прием од страна на тимот од Еуроникел.

< врати се назад